ЕВН И ЕФТ во битка за „Силмак“

Bez autora
Mar 30 2010

„ЕВН Македонија“ почна стечајна постапка против „Силмак“ за стари побарувања вредни 9 милиони евра. Но, комбинатот повеќе од еден месец нема вреден имот бидејќи сите печки се во сопственост на фирма-ќерка на „ЕФТ груп“ Две од најголемите компании во електроенергетскиот сектор во централна и источна Европа, австриската компанија ЕВН и швајцарската „ЕФТ груп“, почнаа битка за наплата на стари долгови од најголемиот потрошувач на струја во Македонија, комбинатот „Силмак“ од Јегуновце. По барање на „ЕВН Македонија“ за наплата на стари побарувања вредни 9 милиони евра, Тетовскиот суд викендов почна стечајна постапка во металургискиот комбинат „Силмак“ од Јегуновце. Но, комбинатот повеќе од еден месец речиси и да нема никаков вреден имот, бидејќи од почетокот на февруари сите печки се во сопственост на „Метал инвест ЕФТ“, фирма-ќерка на „ЕФТ груп“, најголем трговец со струја во источна Европа.

ЕВН И ЕФТ во битка за „Силмак“„ЕВН Македонија“ почна стечајна постапка против „Силмак“ за стари побарувања вредни 9 милиони евра. Но, комбинатот повеќе од еден месец нема вреден имот бидејќи сите печки се во сопственост на фирма-ќерка на „ЕФТ груп“.

Две од најголемите компании во електроенергетскиот сектор во централна и источна Европа, австриската компанија ЕВН и швајцарската „ЕФТ груп“, почнаа битка за наплата на стари долгови од најголемиот потрошувач на струја во Македонија, комбинатот „Силмак“ од Јегуновце.

По барање на „ЕВН Македонија“ за наплата на стари побарувања вредни 9 милиони евра, Тетовскиот суд викендов почна стечајна постапка во металургискиот комбинат „Силмак“ од Јегуновце. Но, комбинатот повеќе од еден месец речиси и да нема никаков вреден имот, бидејќи од почетокот на февруари сите печки се во сопственост на „Метал инвест ЕФТ“, фирма-ќерка на „ЕФТ груп“, најголем трговец со струја во источна Европа.

ЕФТ го презеде имотот, односно печките за топење метал, преку компензација на долгот за ненаплатена струја во вредност од 5,5 милиони евра. Директорот на „ЕФТ Македонија“, Кочо Ањѓушев, тврди дека како најголем поединечен доверител покренал извршна постапка за наплата на побарувањата кои, за разлика од оние на ЕВН, биле осигурани со залог или хипотека.

- Да, точно е дека ЕВН има побарувања за ненаплатена струја испорачана во 2006 година, но не биле обезбедени со залог или хипотека. Вакви побарувања имаат 40-ина други компании, од кои само на 4 биле обезбедени, а тоа се ЕФТ, МЕПСО, „Евростандард банка“ и „Ватростална“. Првите три си ги подмирија долговите преку постапка на извршител - вели Ањѓушев.

Тој додава дека стечајот што сега се отвора се однесува на останатиот имот на „Силмак“, со кој „Метал инвест ЕФТ“ нема никаква врска.

- Кога имате ваква ситуација не чекате судот да ви ги додели побарувањата, туку преку извршител си ги подмирувате - вели тој и објаснува дека ЕФТ стана сопственик на печките на „Силмак“ преку компензација, односно ги вложи побарувањата од 5,6 милиони евра како цена за имотот на лицитација. Толку изнесуваше и долгот на „Силмак“ за ненаплатена електрична енергија кон „ЕФТ Македонија“. Анѓушев најавува дека „Силмак“ ќе се рестартира и ќе продолжи со работа во текот на април.

Но, жиро-сметката на комбинатот, кој го произведува најизвезуваниот македонски производ - феросилициум, во последните 40 дена е блокирана. Со почетокот на светската економска криза „Силмак“ прво пушти на принуден одмор околу 200 вработени во 2008 година. Неколку месеци подоцна, дел од печките повторно беа рестартирани, а вработените повикани на работа. Но, во март 2009 поради ниските цени на металите и намалената побарувачка, „Силмак“ комплетно ги згасна сите печки, а 700 вработени испрати дома. На работа останаа само околу 50 работници кои ги одржуваа печките за производство на феролегури. Сопственик на комбинатот од тетовско Јегуновце е швајцарската корпорација „Френдко“. Во најдобрите денови комбинатот вработуваше, во сите свои оддели, вкупно околу 1.000 работници, а целокупното производство го извезуваше во ЕУ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik